Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охридска Трансфузиологија почнува со работа од понеделник

Охридска Трансфузиологија почнува со работа од понеделник

По три неделната пауза, од понеделник повтроно ќе почне со работа одделението за трансфузиологија во Охрид. Тестовите на медицинските лица покажуваат дека се негативни на Ковид-19, а една од вработените, за која постоеше сомневање дека имала изложе. На една од вработените која беше во контакт со пациент заболен од Ковид 19  и биле направени три дополнителни тестови и сите биле негативни. Во Струга пак направена е епидемиолошка анкета на медицинските лица од интерно-дневна амбуланта и рентген кои биле во контакт со заболени пациенти, но истите немале никакви симптоми.

Директорот на струшката болница Аслани вели дека негативни биле и тестовите на трудниците од критичните региони во струшко.

Инаку од понеделник до сабота на 10 до 15 граѓани од Охрид и Струга дневно им се земаат брисеви за тестирање од корона вирусот во Центарот за јавно здравје од страна на  екипи максимално заштитени и во посебна просторија.


Слично

Поврзани вести