Охридска банка ја зголеми добивката за 28,5%
Добивката на Охридска банка во првите три месеци од годината изнесува 115, 1 милиони денари или близу 1,9 милиони и во однос на лани истиот период, кога добивката изнесувала 1,4 милиони евра е зголемена за 28,5%.
Охридска банка во првите три месеци има вкупни приходи од камата во износ од 365 милиони денари, што е исто колку и минатата година во истотот тромесечје. Но, со оглед дека банката за усепала за близу 40 милиони денари да ги намали расходите за камата, во првите три месеци од годината забележала нето-приходи од камата во износ од 266,9 милиони денари, што е зголемување во однос на лани истиот период кога нето-приходите од камата изнесувале 227,4 милиони денари.
Прв квартал 2016 Прв квартал 2015
- Приходи од камата 365,9 365,9
- Расходи за камата - 98,9 -138,5
- Нето –приходи од камата 266,9 227,4
- Нето-приходи од провизии 64,5 59,1
Слично
