Охридска банка ја одложи закажаната седница на Собранието на акционери
Охридска банка ги извести своите акционери дека се одложува седницата на закажаното Собранието на акционери, а се повлекуваат и сите материјали што таму требало да се разгледуваат. Акционерите дополнително ќе бидат известени кога ќе се одржи седницата.
„Се известуваат акционерите на Охридска банка АД Скопје дека се повлекува
Јавниот повик за 44. седница на Собранието на акционерите на Охридска банка АД
Скопје, НО бр. 0203-7914/3 од 13.2.2020 г., објавен на ден 15.2.2020 година. Истовремено се
повлекуваат и сите предлог-одлуки и материјали.
За новиот датум и за времето на одржување на 44. седница на Собранието на
акционерите на Охридска банка АД Скопје, акционерите ќе бидат дополнително
известени во согласност со законот“, стои во соопштението кое Охридска банка го испрати преку Берзата како ценовно чувствителна информација.
