ОХРИД: За грабеж на стан убиена 60-годишна жена
60 годишна жена настрада синоќа во Охрид.
Според информации на медиумите кои се потврдени од страна на Охридската полиција при обид за грабеж е убиена жена на 60 годишна возраст.
Сега починатата давала отпор при обидот да ја ограбат, па настрадала.
Информациите велат дека немилиот настан се случил околу 20 часот во зграда на улицата „Галичица“, а жената најверојатно живеела сама.
Повеќе информации за случајот ќе имаме кога МВР ќе го расветли истиот и кога ќе биде завршена истрагата.
Слично
