Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охрид СОС: „Хотелот“ на Галичица и натаму не е урнат

Охрид СОС: „Хотелот“ на Галичица и натаму не е урнат

Охрид СОС ги повикува локалните и државните власти конечно да интервенираат и да се урне „хотелот“ кој се гради во рамки на националниот парк Галичица, поточно во селото Рамне.

Охридската полиција лани поднесе кривична пријава против Л.К. (62) и С.К. (72), двајцата од Охрид, против Т.Л. (79) од охридското село Рамне и Н.П. (52) од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“, но од еко-организацијата алармираат дека објектот се уште не е урнат.

„Тие, на катастарски имоти лоцирани во охридското село Рамне, без одобрение за градба и друга соодветна документација и спротивно на Законот за градба, бесправно изградиле хотелски комплекс, деловни објекти и надворешен базен. Објектот сè уште стои. Рамне е во рамките на Национален парк Галичица“, велат од Охрид СОС.

Годинава СВР Охрид поднела кривична пријава против П.К. (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катастарска парцела во охридското село Рамне, без одобрение за градба, неовластено изградил објект за времено сместување кој спаѓа во градба од втора категорија, што било констатирано и при извршен вонреден инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при одделение за инспекциски надзор од општина Охрид.

фотографија: WebOhrid


Слично

Поврзани вести