Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охрид преполн со ѓубре по празничните концерти

Охрид преполн со ѓубре по празничните концерти

Сметови со ѓубре останаа во Охрид по завршувањето на концертите кои се одржуваа за време на најголемиот државен празник - Илинден, кога наедно е и пикот на сезоната во македонскиот туристички бисер.

Од ЈП „Охридски комуналец“ информираат дека се чистата јавните површини како што се кејот, градското пристаниште, малото пристаниште кај Палас, во близина на амамот, градскиот парк и други локации.

Од смет најмногу има расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, кои за жал се реална слика во доцните вечерни часови и наутро.

„Во вечерните часови се спроведува машинско миење на коловози, пешачки патеки и други јавни површини, кое на одредени места е надополнето со рачно миење Се одржува хигиената во и околу локациите каде се одржуваат концерти“, информираат од комуналното претпријатие.



Слично

Поврзани вести