Охрид помина една помирна ноќ-Регистриран само еден помал земјотрес
Во ноќта која е зад нас само еден земјотрес е регистриран на охридско тло.
Во 3.40 часот ноќеска е регистриан земјотрес со магнитуда од 2.4 степени по Рихтер.
Епицентарот бил на 5 км од Охрид и 7 км од Косел.
Тоа значи дека тлото полека почнува да се смирува а вознемиреноста кај граѓаните да спласнува.
Директорот од Институтот за земјотреси и сезмиологија Михаил Гаревски пред неколку дена рече дека никој во овој момент не може да предвиди дали ќе следи некој разорен земјотрес.
Сепак забележи дека во Охрид има значајно помалку туристи во однос на минатата година, иако хотелиерите тврдат дека бележат мал број откажани аранжмани.
Инаку во градот и околината досега е пријавена штета на над 200 објекти на кои се оштетени ѕидовите, оџаците и балконите,
