Охрид под лупа на експерти од УНЕСКО
Какви проекти се во тек, дали и кој во Македонскиот бисер ги нарушува стандардите на УНЕСКО?
На ова прашање доаѓа да најде одговор експертска комисија од УНЕСКО во Охрид која ќе врши увид во проекти кои се во тек или кои се планирани да се реализираат.
Локалните охриски медиуми пишуваат дека националната канцеларија на УНЕСКО информирала дека посетата, која требаше да се реализира во февруари годинава доцни поради недостигот на слободни термини,а не како што се шпекулира во јавност дека експертите целосно ја откажале.
Неофицијалните информации велат дека ќе се врши увид во НП Галичица во однос на два проекти еден е експресен пат до Свети Наум, а другиот ски центарот на Галичица а планирана е посета и на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник.
Последниот мониторинг УНЕСКО го имаше пред неколку години. Тогаш се вршеше детален увид на Плаошник, по што било констатирано дека проектите не ги нарушуваат УНЕСКО стандардите.
