ОХРИД: Маж e пронајден починат во автомобил
Охриѓанец e пронајден мртов во автомобил.
Во СВР Охрид вчера во 20.10 часот е пријавено дека во автомобил на паркинг во близина на „Горна Порта” во градот е пронајдено починато лице. Констатирано е дека се работи за М.Ј.(55) од Охрид, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на семејството.
Слично
