Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охрид летово без шанкови и лежалки, уште 40 работници за расчистување на плажите

Охрид летово без шанкови и лежалки, уште 40 работници за расчистување на плажите

Советот на Општина Охрид утре како точка на седница ќе разгледува 40 нови вработувања кои ќе треба да помогнат во расчистувањето на плажите за време на уривањето на дивоградбите.

Охрид најдоцна до 15 јуни ќе ги отстрани од плажите сите времени објекти и потоа ќе бидат регулирани со песок. Пред стартот на летната сезона се уште нема информација како ќе функционираат плажите на Охридското крајбрежје.

За време на летната сезона плажите треба да се целосно исчистени од граджениот шут кој го оставаат зад себе багерите при уривањето.

Она што засега е сигурно е дека од ова лето на поголемиот дел од плажите на Охридското крајбрежје нема да ги има шанковите, лежалките и платформите.

Откако ќе бидат исчистени, плажите же треба да се уредуваат според препораките на УНЕСКО.


Слично

Поврзани вести