Охрид ќе се промовира на меѓународен саем во Солун
Богатото културно историско наследство на Охрид овој месец ќе се промовира на меѓународен саем во грчкиот град Солун.
Градот ќе се промовира заедно со Белград, Пловдив и Солун.
Ова се прави со цел привлекување што поголем број на туристи кои ќе го посетуваат градот Охрид во текот на целата година.
„Ние како сектор ќе се претставиме таму заедно со туристичките работници однсосно со
туристичките сектори на Белград Србија, Пловдив Бугарија и Солун Грција на што посебно
внимание ќе се обрни на можноста за регионален настап на европските и светските
туристички пазари“ - изјави Гоко Апостолов раководител на Сектор за туризам.
Хрватската европратеничка Маријана Петир истакна дека Македонија ќе се промовира и во Брисел на еден позитивен начин поздравувајќи ја одлуката за намалување на ДДВ то на услугите во туризмот од 15 на 5 проценти што е од особена важност за угостителскиот сектор. Таа рече дека треба да се гледаат примерите од нејзината земја Хрватска, каде туризмот со 18% учествува во БДП.
Според статистиките, Скопје и Охрид се градови кои туристите најчесто ги посетуваат.
