Охрид инспирација за хрватска блогерка: „Балканскиот бисер што патува низ милениуми“
Хрватица воодушевена од македонската убавина – девојката што стои зад Инстаграм профил „Svjetski putnik“ и споделува искуства и факти за најразлични знаменитости, овојпат ја насочи својата патувачка приказна кон балканскиот бисер – Охрид.
Јана која е патепистка од Хрватска, преку својот профил, објави несекојдневен и креативен патопис за Охрид, во кој на поинаков начин ги доближува убавините, историјата и културното богатство на градот. Наместо класична туристичка препорака, таа создаде „прошетка низ времето“, водејќи ги своите следбеници од далечното минато до современиот Охрид.
Во описот на фотографиите, каде детално ги објаснува спецификите што му припаѓаат на градот, таа напиша:
„Можеби сте забележале дека уживам да пишувам патеписи. Всушност е доста чудно бидејќи мразев да пишувам во училиште. Малку се забавував во мојот патепис за Охрид на интернет. Не е типичен патепис, но ќе откриете сè што треба да видите во Охрид.
Место на дејството: градот Охрид.
Време на дејството: периодот од последните неколку милениуми до денес.
Идејата: прошетка низ Охрид низ времето, така што во патепис од далечното минато патувате во сегашноста.
Продолжението од сторијата следува на Женски Магазин.