Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охрид го изгласа мораториумот за дивоградбите

Охрид го изгласа мораториумот за дивоградбите


На денешното продолжение на последната седница советниците на општина Охрид ја изгласаа предлог-одлуката за мораториум на градење и донесување урбанистички планови, како и легализација на објекти до донесување на Планот за управување со светскиот природно и културно наследство на Охридскиот регион, или најдоцна до 1 февруари идната година.

Тиоа значи дека ќе се испочитуваат препораките што ги донесе Владата, УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство. Константин Георгиевски, градоначалникот на Охрид, го поздрави усвојувањето на мориториумот и напомена дека започнува реализација на активностите на Акцискиот план.

– Тоа значи дека од денеска се воведува времен прекин на спроведување и донесување урбанистички планови, урбанистичко –плански документации на проекти на територијата на општината. Исто така времено се прекинуваат сите нови постапки за предмети кои се однесуваат на издавање одобренија за градење, за надградба и доградба после стапување во сила на оваа одлука. Сите постапки со добиено правосилно одобрение на градење можат да продолжат со реализација – рече Георгиески, кој не сакаше да одговара на дополнителни новинарски прашања.

Градоначалкникот додаде дека е убеден во исолнувањето на сите препораки и дека Охрид ќе продолжи да биде град на УНЕСКО.



Слично

Поврзани вести