Економија, финансии, бизнис

Контакт

Охрабрувачки телефонски разговор помеѓу Заев и Гутереш

Охрабрувачки телефонски разговор помеѓу Заев и Гутереш

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денес телефонски разговараше со премиерот Зоран Заев поздравувајќи ги реформите што ги прави Владата, вклучително и позитивниот пристап на нашата држава во односите со соседите.

Во телефонскиот разговор, позитивно бил оценет Договорот со Бугарија во кој покрај подобрување на билатералните односи помеѓу двете држави се гледа и придонес за односите меѓу соседите во регионот.

– Генералниот секретар Гутереш во име на Обединетите нации ги поддржа разговорите што се водат со Грција под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Тој оцени дека постои позитивна динамика и можност да се дојде до заемно прифатливо решение. Гутереш најави дека ќе разговара и со грчкиот премиер Ципрас и рече дека ги охрабрува двајцата премиери и владите на двете држави да продолжат да работат во насока на решавање на долгогодишниот спор, соопшти прес-слжбата на Владата.

Премиерот Заев му се заблагодарил на генералниот секретар на ОН, Гутереш и за ангажманот на медијаторот Нимиц, кој долго работи на изнаоѓање заемно прифатливо решение. Заев оценил дека Договорот со Бугарија ги подобрил билатералните односи и придонел кон зголемување на трговската размена меѓу двете држави но дал и охрабрување да се влезе во надминување на проблемот што го има Република Грција со уставното име на Република Македонија.

– Во телефонскиот разговор со генералниот секретар на ОН Гутереш, премиерот Заев изрази надеж дека ќе се најде заемно прифатливо решение и дека тоа ќе биде добро и за двете држави, но и за целиот регион. „Да престанеме да се занимаваме со минатото и да работиме заедно за подобра заедничка иднина“, додал Заев кој во разговорот се заблагодарил и за континуираната поддршка на Обединетите нации и УНДП во развојот на Република Македонија.


Слично

Поврзани вести