Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГРОМНИ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЦАТА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА - еве колку се чека само од грчка страна

ОГРОМНИ КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЦАТА ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА - еве колку се чека само од грчка страна

Гужвите и долгите колони на граничните премини се вообичаена појава во летните месеци. Сепак, наши сограѓани алармираат дека денеска за излез од соседна Грција и влез во Македонија се чека по два часа и повеќе. 

Читатели на Фактор испратија фотографии кои сведочат за долгите колони пред граничниот премин „Богородица“, од грчка страна и алармираа дека на топлото време се приморани да чекаат два часа само за излез од земјата. 

Иако има дури шест колони за излез од земајта, сепак, во секоја има долги редици од возила кои чекаат на граница. 

Патници има од различни земји, не само од Македонија, туку и од соседството, но и од земји од унијата. 

Во Македонија денеска завршува продолжениот викенд, очекувано е да има поголем наплив од наши возила бидејќи се враќаат сите кои заминаа на тродневно освежување во соседна Грција. 


Но, недела е и ден за смена на туристите, па гужвите најверојатно се должат на двата фактори. 


Фото: Фактор

Слично

Поврзани вести