ОГРОМНА ТЕМПЕРАТУРНА АНОМИЈА ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА: Температурите драстично ќе опаднат
До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
„Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне“, велат од УХМР.
И метеорологот Славчо Попоски со предупредување за голема негативна температурна аномалија, која ќе услови со голем пад на температурите.
„Петок 24 јули огромна негативна температурна аномалија во Македонија на 2 метри висина, северен ветер и врнежливо време со повремено пообилни врнежи. Есенско време во јули“, објави тој.
