„ОГРОМНА ТАГА И НЕВЕРУВАЊЕ“: Македонија тагува по прерано заминатите, четвртата жртва е исто така 20 годишно момче
Откриен е идентитетот на четвртата жртва во тешката сообраќајка која вчера вечерта се случи на надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.
Како што веќе е објавено, меѓу загинатите е педесет и едно годишниот првенец на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, неговиот 20 годишен син А.В. и уште две 20-годишни момчиња. Досега се занеше дека меѓу нив е П.М, а четвртиот загинат исто така на 20 години е М.Ѓ. .
- Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Р.В. и сопатниците од неговото возило, А.В.(20), П.М.(20) и М.Ѓ.(20), сите од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција - се наведува во полицискиот билтен.
Несреќата се случи синоќа во 23 часот кога помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци. Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило - влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје.
Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
По наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонската опера и балет, Факултетот за музичка уметност во Скопје и естрадните колеги со голема тага се простуваат од првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков.
Но, и соучениците на младите момчиња исто така со голема тага и неверување ја примија веста за смртта на трите момчиња. На социјалните мрежи се споделуваат трогателни зборови за прераното заминување, а меѓу нив е и ОУ Петар Поп Арсов каде што учеле две од трите момчиња.
- Со огромна тага и неверување ја примивме веста за трагичната загуба на Ристе Велков, како и на нашите поранешни ученици Адам Велков и Марко Ѓорѓиевски.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
