Економија, финансии, бизнис

Контакт

Огромен тепих со знамето од Вергина на македонско јавно претпријатие заврши во депо

Огромен тепих со знамето од Вергина на македонско јавно претпријатие заврши во депо

Фото: Фокус

Огромен тепих со широју димензии со знамето на Вергина е отсрането од директорскиот кабинет на ЈП „Водовод и канализација“ и е однесено во депо, согласно Преспанскиот договор и стапувањето на владините одлуки во сила.

Ваквата одлука на Владата следувала на барање од официјална Атина, која потоа била испратена во јавното претпријатие, објави „Фокус“. Покрај тепихот имало и неколку слики на кои беше насликано сонцето од Вергина.

Според планот, овие симболи, кои за Грција се иритантни, треба да се отстрануваат од јавните површини во наредните шест месеци, а треба да се најде и решение и за спомениците кои го содржат и истите да се коригираат.

Тепихот е поставен со отворањето на новата зграда на „Водовод“ како дел од проектот Скопје 2014-та, а новоназначениот директор Душко Весковски кога беше назначен рече дека не е убаво секој кој минува преку него да го гази симболот.


Слично

Поврзани вести