Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ПРЕСОТ НА РУСКИОТ МИНИСТЕР СЕРГЕЈ ЛАВРОВ - втор ден од министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ПРЕСОТ НА РУСКИОТ МИНИСТЕР СЕРГЕЈ ЛАВРОВ - втор ден од министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје

Огромен интерес предизвика најавената пресконференција на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Новинарски екипи од земјава но и од светот се присутни да го проследат овој прес кој е најавен за 10 часот.

Инаку, прес-конференцијата на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ја организира руската делегација.

Министерскиот состанок на ОБСЕ што се одржува во Скопје завршува денеска. Според агендата, денеска ќе се одржи завршна пленарна сесија по која ќе следува завршна прес-конференција со претседавачот, министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи, со претставник на Малта која е следниот претседавач на Организацијата и генералната секретарка на ОБСЕ, Шмид.

Откако Русија ја нападна Украина минатиот февруари, имаше предупредувања дека иднината на Организацијата би можела да биде во криза, поради пречките што ги создава Москва, како што е годишниот буџет на ОБСЕ, но и мандатот на четирите важни позиции во ОБСЕ – генералниот секретар, директорот на ОДИХР, високиот претставник за национални малцинства и претставникот за слобода на медиумите.

А.Б.

Слично

Поврзани вести