ОГРОМЕН ИНТЕРЕС: За 90.000 работни места се пријавиле 25 милиони луѓе
Над 25 милиони луѓе се пријавиле за работа во индиската железница.
Повеќе од бројот на жители на континентот Австралија, се пријавиле за околу 90.000 работни места во Индиски железници, што го истакнува предизвикот со кој се соочува премиерот Нарендра Моди во однос на вработувањата во текот на неговиот мандат, јави „Ројтерс“.
Моди беше изгласан во 2014 година врз основа на ветувањата за економски раст во третата по големина економија во Азија и обезбедување на работни места за луѓето.
Од државната железница, што во моментов вработува 1,3 милиони луѓе, посочиле дека ќе отворат десетици илјади нови работни места – машиновозачи, техничари, инспектори техничари, столари идруги професии. Целта била да се подобри безбедноста на четвртата по големина железничка мрежа во светот.
Овој податок покажува и дека граѓаните на Индија сакаат работа во државни претпријатија. Експертите велат дека тој начин на размислување мора да се смени.
Индиски железници се најголемиот работодавач во земјата.
