Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГРАБУВАЛ ВИКЕНДИЦИ И ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ - Приграбил предмети вредни над 30 илјади евра, еве ги деталите

ОГРАБУВАЛ ВИКЕНДИЦИ И ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ - Приграбил предмети вредни над 30 илјади евра, еве ги деталите

Жител на Гевгелија е уапсен и против него е поведена постапка поради неколку кражби. Како што објави Јавното обвинителство, тој најчество провалувал во викендици и во објекти кои ги користат правни лица, при што одземал исклучиво вредни предмети. 

Со своите активности успеал да прибави корист за себе од над два милиони денари. 

- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице кое е осомничено за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во периодот од мај 2021 до 19 септември 2023 година, искористувајќи исти прилики кога оштетените не престојувале во нивните викендици на различни локации во Стар и Нов Дојран, осомничениот со умисла извршил повеќе тешки кражби во кои одземал вредни предмети, мебел и апарати. Меѓу ограбените се и објекти на две правни лица, од каде биле одземени целосно системите за видео надзор – камери и ресивери, телевизори, клима уреди и друга опрема - посочуваат од Обвинителство

Од ОЈО дополнуваат дека осомничениот влегувал во објектите со провалување или кршење, со намера да одземе туѓи подвижни предмети од поголема вредност и противправно да ги присвои, и на тој начин прибавил за себе противправна имотна корист во вкупна вредност од 2.254.350 денари.

Одлучувајќи по предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор.​

Претходно Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 06.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Р.Б.(27) од село Николиќ, општина Дојран и С.С.(31) од Нов Дојран. 

- При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени во туристички капацитети и викенд куќи на подрачјето на Нов и Стар Дојран. Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. 

Против Р.Б. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил седум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, од кои пет биле извршени во 2023 година, а останатите во 2021 и 2022 година. Лицето било изведено пред Судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор - посочија од МВР. 

Слично

Поврзани вести