Ограбувал детска градинка, полицијата уапси чаирчанец
Министерството з авнатрешни работи соопшти дека полицијата уапсила разбојник кој ограбувал детска градинка и дека одземените предмети биле вратени, без да се прецизира што поточно било украдено.
„На 11.11.2021 во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Д.К.(40) од Скопје, поради сомнение дека претходно со употреба на сила влегол во градинка на ул.„Рокомија“ и одзел разни предмети. Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото, а признал уште две кривични дела „тешка кражба“ и една „тешка кражба во обид“ во градинка“, гласи информацијата на МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
