Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ограбувачите на НЛБ банка ги чека највисока казна за грабежот

Ограбувачите на НЛБ банка ги чека највисока казна за грабежот

Максимална затворска казна од 10 години побара денеска Јавното обвинителство за ограбувачите на НЛБ банка.

Четворицата обвинети ја признаа вината, но сепак не изразија каење за извршеното дело.

Имено, денес во скопскиот Кривилен суд обвинетите  Бобан Смилевски, Горан Смилевски, Борис Мичевски и Мирослав Каевски  треба да ги изнесат завршните зборови.

Со највисока затворска казна може да се соочи првообвинетиот Бобан Смилевски бидејќи  ја искористил довербата во банката и ги убедил останатите да ги уништат доказите по кражбата, додека и за неговиот брат се бара највисока казна.

Тој откако ги примил парите го фрлил телефонот и не открива каде се парите.

Одбраната пак побара поблаги казни бидејќиобвинетите ја признале вината,  и биле угледни луѓе во општеството.

Единствена олеснителна околност која може да им ја намали казната е тоа што обвинетите немаат кривични дела досега.

Слично

Поврзани вести