Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ограбена пациентка на Клиниката за кардиологија

Ограбена пациентка на Клиниката за кардиологија

На четириесет и осумгодишна скопјанка и ја украле бурмата и друг прстен кој го носела на раката додека ѝ бил вградуван стент.

„Слободен печат“ од свои извори дознава дека пациентката додека била во полубесознание почувствувала како некој во болницата ѝ ги извлекува прстените од рацете. Од МВР потврдуваат дека имало пријавена кражба.

На 19.04.2023 во 12 часот и 45 минути во СВР Скопје А.О (48) од Скопје пријавила дека ѝ бил одземен накит во една од клиниките во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде претходно ѝ била извршена операција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.

Слично

Поврзани вести