Ограбени уште две финансиски друштва за брзи кредити во Скопје
По она пред два дена во Карпош, ограбени се уште две филијали на финансиски друштва за брзи кредити на подрачјето на Скопје, овој пат во Центар и Гази Баба.
Како што известува МВР, кражбите се случиле во раните утрински часови, а при тоа од едното бил одземен сеф со пари, а во другото финансиско друштво сефот бил отворен и биле одземени парите.
„На 17.01.2026 во 05:20 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Центар, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземен бил сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.01.2026 во 04:44 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Гази Баба, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземени биле пари од сеф. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“, брифира МВР.
