Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГРАБЕН СКОПЈАНЕЦ СРЕД БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ - Обвинителство бара притвор за 26 годишниот криминалец

ОГРАБЕН СКОПЈАНЕЦ СРЕД БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ - Обвинителство бара притвор за 26 годишниот криминалец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Во дејствијата учествувало уште едно лице на чија идентификација се работи.

- Двајцата соизвршители, на 14 февруари во попладневните часови, кај поранешноиот 'Дрво-Декор' на кејот на реката Вардар, нападнале еден оштетен, му впериле нож во грбот и со употреба на сила и сериозна закана му одзеле 3.000 денари. Потоа го удриле неколку пати и избегале - објаснуваат од Обвинителство. 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 26-годишник поради опасност од бегство и можност да го повтори делото. 

При предлагањето на најстрогата мерка за обезбедување обвинителот имаше предвид дека кривичното дело е извршено сред бел ден, во строгиот центар на градот, на локација со голема фреквенција на луѓе, па ценеше дека обезбедувањето на осомничениот е во функција и на заштита на граѓаните и нивното безбедно движење. Надлежните органи преземаат дејствија за откривање и на неговиот соизвршител.

Слично

Поврзани вести