Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГРАБЕН ДОМОТ НА БИТИЌИ: Му украле сеф со пари и злато, се сомнева дека кражбата е политичка порака

ОГРАБЕН ДОМОТ НА БИТИЌИ: Му украле сеф со пари и злато, се сомнева дека кражбата е политичка порака

Во раните утрински часови околу 3 часот наутро, три лица упаднале во домот на пратеникот Фатмир Битиќи. Тој за ТВ 24 потврди дека додека тој се наоѓал надвор од државата неговиот дом бил предмет на кражба.

„Се се случи околу 3 часот наутро. Кражбата траела од 3 и пол до 4 минути. Дома имам поставено и аларм и видео надзор. Регистрирани се три лица, двете влегуваат во куќата а едното чува стража пред врата. Одземен ни е метален сеф кој беше вграден. Буквално го откорнале. Во сефот имаше пари но и накит кој имаше сентиментално семејно значење за нас. По упадот, по околу 6 минути дошла и агенцијата за обезбедување со кој е поврзан нашиот систем за аларм.“ - вели Фатмир Битиќи за ТВ24. 

На нашето прашање дали се сомнева дека кражбата има политичка порака Битиќи одговорни потврдно но без да ги објасни причините поради истрагата. Од МВР потврдија дека се случила кражба и дека настанот е пријавен кај нив во полиција. 

„На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети“. - велат од МВР.

За причините и мотивите на кражбата во домот на Битиќи од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести