ОГНОТ Е ВИДЛИВ ОД БИТОЛА: Гори големо стрниште крај Црна Река
Гори големо стрниште крај Црна Река, a огнот e видлив од Битола.
Oд Центарот за управување со кризи(ЦУК) велат дека екипите на противпожарната служба од Битола се на лице место.
Огнот од стрништето се пренел и на трската и останатата вегетација покрај реката Црна поради што е видлив од далеку.
„Гаснењето е отежнато поради калливиот терен покрај реката Црна“, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Додава дека нема опасност по населени места, а ТППЕ Битола се обидува да го изгасне огнот.
Слично
