Економија, финансии, бизнис

Контакт

Огнено крштевање за Владата пред пратениците

Огнено крштевање за Владата пред пратениците

Новата влада предводена од премиерот Заев со коалицијата составена од СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците ќе има „огнено крштевање“ во Собранието овој петок на првата собраниска седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања до владините функционери.

Владата како орган кој одговара пред пратениците има обврска да одговори на поставените прашања како на самата седница, така и дополнително во писмена форма. Затоа на 25 ноември за прв пат по изборите и по истекот на 100-те дена од формирањето на владата, Заев ќе одговара на пратенички прашања.

Редоследот на поставување на пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи, на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група.

Токму се очекува од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на првата седница на пратенички прашања да има најголеми „конфронтации“ со премиерот Заев. Секако, ова ќе биде можност и за пратениците на СДСМ да докажат дека не се обична гласачка машинерија за власта и да постават соодветни прашања со кои ќе се постигне посакуваната демократска функција на парламентот.

Слично

Поврзани вести