„ОГНЕНО КРШТЕВАЊЕ НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА НА ЛЕВИЦА“: Ванковска импресионирана од говорот на Амар
Вчера се одржа конститутивната седница на Собранието, а за претседател на претеничкиот дом беше избран Африм Гаши од Алтернатива.
Неговиот избор за претседател не беше одобрен од страна на Левица, чиј пратеник на говорницата рече дека ВМРО ставила измеќар на СДСМ за претседател на собранието.
Неговиот говор ја импресионираше професорката Билјана Ванковска, која беше и кандидат за претседател на оваа партија.
„Огнено крштевање на пратеничката група на Левица! Секоја чест за Амар - прв говор во Собрание! Замислете ги наредните. Вака не зборуваат луѓе кои таму паразитираат и по 2-3 децении“, напиша таа.
Слично
