ОГНЕНИТЕ ОД ДУИ НЕ МИРУВААТ - силна реакција од Сандра Имери зошто е разрешен Хасани
Дел од припадниците на огнената група на ДУИ силно реагираат зошто е разрешен кадар на таа партија од заменик министерско место.
Саранда Имери, секретарка за родова еднаквост на таа партија, посочи дека одлуката за менување на заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани од Гостивар, чие место ќе го зазеде кадар на Алијанса, носи опасност за активистите на ДУИ во Гостивар.
„Зарем гласачите гласаа за ДУИ потоа да ги разрешува кадрите од Гостивар, кои и онака ги нема многу на централно ниво“, праша Имери.
Хасани е дел од „Огнената група“. За разлика од него, кој е разрешен, неговиот сопартиец Насер Нуредини даде оставка од министерската позиција во животна средина, кој ќе му припадне на СДСМ.
Слично
