Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ОГНЕНИТЕ ИЗГОРЕА ЗА ДЕМОКРАТИЈА“: Тврдат дека во партијата за се одлучува Ахмети

„ОГНЕНИТЕ ИЗГОРЕА ЗА ДЕМОКРАТИЈА“: Тврдат дека во партијата за се одлучува Ахмети

Огнената фракција во ДУИ, во која дел се Изет Меџити и Висар Ганиу, тврди дека нема демократија во оваа партија. Од ДУИ им возвратија дека обвинувањата дека биле мета на закани од страна на заменик директорот на Царинската управа се лажни. 

Од раководството на партијата велат дека клеветат во време на внатрепартиски избори кои се најдемократски по принципот еден член еден глас, а огнените реплицираат дека сите работи во ДУИ се решаваат со одлуки на лидерот.

„Повторуваме дека принципот еден член-еден глас е нестатутарен, односно го гази статутот на партијата со две нозе. И за иронија на целава оваа ситуација каде што секојдневно се труби за демократијата и демократските вредности, во реалноста гледаме дека претседателите на ограноците априори ги одредува претседателот Али Ахмети со декрет. Централната изборна комисија на ДУИ нема кворум, бидејќи од 7 членови, 4 не учествуваат во нејзината работа“, обвинуваат огнените.


Слично

Поврзани вести