Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГЛАСОТ Е РАСПИШАН: Кои невладини ќе се „омрсат“ од колачот од половина милион евра

ОГЛАСОТ Е РАСПИШАН: Кои невладини ќе се „омрсат“ од колачот од половина милион евра

Како што и најави, Владата го распиша огласот со кој ќе им даде пари на невладините организации за тие да и помагаат во справувањето со корона кризата. Станува збор за сума од 500 илјади евра. 

Огласот го распиша Генералниот секретаријат на Владата, и тој е за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со КОВИД-19 кризата.

Средствата се од буџетот за годинава, и тоа од Програмата - Мерки за справување со КОВИД-19 кризата.

Владата опширно ги наведува активностите на кои тие ќе бидат ангажирани, за кои Фактор веќе пишуваше.  

Како услови за невладините во огласот се наведуваат следниве. 

Времетраењето на проектите не може да биде подолго од шест месеци. Висината на грантовите треба да биде помеѓу 600.000 и 900.000 денари. 

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите што учествуваат на овој оглас се - да се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации најмалку две години пред објавувањето на огласот; работењето и дејствувањето е насочено кон пошироката јавност или кон малцинските групи и заедници кои се маргинализирани и социјално исклучени; да не добиле средства или поднеле пријава од и до друг орган на државната управа или други извори за иста намена, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори, што не се однесува на барањата за надомест на делот за кофинансирање на ЕУ проекти. 

Проценката на квалитетот на програмите и проектите ќе се врши врз основа на тоа дали имаат документација, пријава со предлог – проект; и предлог-буџет со образложение за оправданост.

Еве како ќе се бодуваат карактеристиките на проектите со кои ќе конкурираат невладините на огласот.

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 11 јуни. Пријавата со целокупната документација се доставува по електронски пат. Здруженијата и фондациите учесници на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од три дена од денот на донесување на Одлуката.

Ќе биде интерсено да се види кои невладини организации ќе се „омрсат“ од најновиот владин финансиски колач, кој во услови на корона криза и не е така мал, односно ќе изнесува дури половина милион евра. 

Наши извори велат дека ќе мора да се внимава учесниците на огласот да ги исполнат критериумите и барањата, и да не се случи исти организации постојано да добиваат владини грантови.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести