Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Се нуди плата и до 500 евра

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Се нуди плата и до 500 евра

Ако сте во потрага по работа, ви пренесуваме неколку активни огласи .

* Оглас за вработување во Алкалоид

Отворени се овие работни места:

1.    ОЕ Корпоративни служби – Оддел за маркетинг-комуникации

1.1.   Специјалист за социјални медиуми – 1 (еден)

Потребни квалификации и вештини

-   Задолжително е работно искуство од минимум 2 години во маркетинг агенција или во агенција за дигитални комуникации-  

 ВСС – пожелно е кандидатот да има завршено Економски факултет – Маркетинг/Е-бизнис

-   Одлично познавање на работата во пакетот Microsoft Office (Excel, Word, Power Point).
-   Одлично познавање англиски јазик.

-   Одлично познавање на интернет-маркетингот и на социјалните мрежи
-   Креативност, проактивност-   Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини
-   Максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови
-   Водење на брендовите на социјалните медиуми

-   Креирање стратегии за социјални медиуми за брендовите
-   Изработка на комуникациски планови за брендовите
-   Следење и анализа на дигиталниот пазар/социјалните медиум и слично

Работниот однос за позицијата се заснова на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на договорот.
Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 7:30 до 15:30 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Предвидената основна нето-плата за позицијата е од 26.000 МКД до 35.000 МКД, во зависност од работното искуство на кандидатот. 

*ЊуМомент вработува!

Бараат енергични, иницијативни и посветени нови колеги кои вистински го сакаат комуникацискиот бизнис со сите предизвици што тој ги носи.

Услови: искуство во работа на исти или слични работни места, способност за жонглирање со повеќе проекти во исто време, одлично познавање на англиски јазик и исклучителни комуникациски вештини

* Оглас за вработување во ФИБУЛА... Отворени се 40 работни места!
Фибула Охрид има потреба од 40 работници на следните работни позиции:

- ПРЕТСТАВНИЦИ ПО ХОТЕЛИ
- ТУРИСТИЧКИ ВОДИЧИ / ПРАТИТЕЛИ

Аплицирајте тука.

*Оглас за вработување во КОСМО дрогериите во Скопје

Тинекс има потреба од вработување на енергични кадри за следното работно место:

се бараат трговски работници- продавачки во КОСМО дрогериите во Скопје-Целиот оглас може да го видите тука.

Слично

Поврзани вести