Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оглас за одржување на АКМИС-от во судовите

Оглас за одржување на АКМИС-от во судовите

Врховниот суд на РМ издаде оглас за одржување и хардверска и системска поддршка на фамозниот ACCMIS систем во судовите на РМ за период од 12 месеци во вредност од 3.474.676 денари.

Услугата ќе ја даде оној кој ќе понуди најниска цена на електронска аукција. Конкурентот треба да го има потребниот сертификат од производителот и да има искуство во испорака, инсталирање, конфигурирање, сервисирање во последните три години кај најмалку три корисници.

Работната група на Министерството за правда во декември утврди прекршувања и злоупотреби на АКМИСОТ во функционирањето на Врховниот суд. Констатирани беа повреди на процедурите во распределбата на предметите преку АКМИС системот и во водењето на регистарот за случаите.

Тоа би значело дека предметите се делеле на рака, а не преку системот за комјутерска распределба. Прекршувања се регистрирани и во составувањето распоред за работа на судиите.

Работната група на Министерството за правда најде прекршувања на АКМИС системот и во Кривичниот суд, особено во распределбата на предмети на Специјалното јавно обвинителство.

Судските предмети во Основниот суд Скопје 1 и во Врховниот суд се делеле рачно, а не преку Системот за автоматска распределба на судски предмети (АКМИС), објави тогашниот министер за правда Билен Саљији, презентирајќи го Извештајот од увидот на работната група за работата на Основниот суд Скопје 1, Апелациониот суд и Врховниот суд.

Исклучувањето на судиите од автоматската распределба на предметите се вршело без изготвување на писмена одлука со наредба и без образложена причина. Тоа се правело само со параф на претседателот на судот и со телефонско јавување во судската писарница.

Во извештајот стои дека во Врховниот суд АКМИС-системот се применувал според претходно применета рачна прераспределба на предмети за што постои писмена одлука од Претседателот на судот, но таа не е во согласност со одредбите на Судскиот Деловник.


Слично

Поврзани вести