Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОГЛАС: „Гранит“ бара работници за новите автопати

ОГЛАС: „Гранит“ бара работници за новите автопати
Вкупно 670 работници бара на оглас градежната компанија „Гранит“ за да работат на изградбата на двата нови автопати Миладиновци-Штип и Кичево - Охрид. На огласот се бараат градежни инженери, рударски инженери, раководители на градежна механизација, финансови извршители, минери, работници на каменолом, градежни работници. Огласот трае пет работни дена, а молбите се доставуваат до ГД „Гранит“ АД Дирекција Скопје на ул. „Вељко Влахович“ бр. 8 или на и-мејл granitjobs@gmail.com. Најниската предвидена плата е 9.000 денари за неквалификуван градежен работник, а највисоката - 24.000 денари за позицијата градежен инженер. Домашната компанија „Гранит“ е подизведувач на работите на двата клучни автопата, додека главен изведувач е кинеската „Синохидро корпорација“. Според договоренот, 51% од работниците кои ќе работат на изградба на автопатите ќе бидат од Македонија.
Слично

Поврзани вести