Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално пуштена новата фонтана на плоштад Македонија

Официјално пуштена новата фонтана на плоштад Македонија

Деновиве во употреба e пуштена новата фонтана на плоштадот Македонија во Скопје.

Станува збор за површинска, таканаречена сува фонтана (џампинг џет), на просторот меѓу фонтаната „Воин на коњ“ и влезот во Камениот мост.

Фонтаната има правоаголна форма, со димензии 20 на 10 метри и вкопано армирано-бетонско корито. Површината врз армирано-бетонското корито е изработена од светлосиви гранитни плочи со димензии 60 на 60 сантиметри и со дебелина од 10 сантиметри.

На плочите од фонтаната поставени се ЛЕД светилки со отвори за вградување млазник.

Фонтаната ја сочинуваат 128 млазници со 128 светилки.

Слично

Поврзани вести