Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално Велковски шеф на БЈБ, Николовски на тајната полиција

Официјално Велковски шеф на БЈБ, Николовски на тајната полиција

Владата предводена од Зоран Заев конечно постигна согласност и назначи нови директори на Бирото за јавна безбедност и Управата за безбедност и контраразузнавање кои се двата најзначајни оддели во МВР, бидејќи се задолжени за команда со полициските сили како и со тајната полиција која има голем број на овластувања. 

На денешната владина седница во попладневното продолжение Горан Николовски официјално е избран за директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а Лазо Велковски на Бирото за јавна безбедност. 

Двајцата се профилираат како професионалци во МВР кои имаат долгогодишно искуство во своите сектори, а се со дипломи од областа на безбедноста. 

Покрај новите кадри се очекува во БЈБ и УБК како и во сеопфатното функционирање на Министерството за внатрешни работи да има поголема одговорност при извршување на надлежностите, намалување на партиското влијание, поголема транспарентност пред јавноста како и поголема отчетност пред цивилниот надзор во Собранието на Република Македонија.


Слично

Поврзани вести