Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОФИЦИЈАЛНО: Терминот БЈРМ се трга од седум учебници во Грција

ОФИЦИЈАЛНО: Терминот БЈРМ се трга од седум учебници во Грција

Референцата за „Поранешна југословенска република Македонија“ се отстранува од седум учебници во грчката просвета со одлука потпишана од заменик- министерката за образование на Грција Софиа Захараки.

Во грчките учебници за основно образование треба да се направат корекции и терминот „ПЈРМ“ да се замени со „ Македонија“. Одлуката за корекциите, меѓу кои и учебниците по географија, по англиски и германски јазик, е испратена до издавачките куќи надлежни за издавање на конкретните учебници, објавија грчките медиуми а пренесува МИА.

Циркуларното писмо е испратено на 16 декември, а измените ќе се направат во печатените и дигиталните изданија на учебниците. Грчкото министерство за надворешни работи ова го потврди со документот под бр.9382 / 15-2-2019  на тема: „Односите меѓу Грција и Република Македонија-спроведување на Договорот од Преспа во врска со името и терминологијата на соседната земја “.




Слично

Поврзани вести