Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално: Скопје со рекордни 12 кандидати за градоначалници

Официјално: Скопје со рекордни 12 кандидати за градоначалници

Државната изборна комисија го затвори списокот за кандидати за градоначалници, ден по истекот на рокот до кога можеа да се пријават за локалните избори во октомври. Впишани се вкупно 297 кандидати за градоначалници на 80 општини и Град Скопје. 

Најмногу пријавено кандидати, дури 12, има за Град Скопје, а за оваа самоуправа се пријавени и 15 советнички листи, кои допрва треба да бидат обработувани од ДИК.Ова е досега најголем број на кандидатури поднесени за локални избори во главниот град. 

Актуелниот градоначалник Петре Шилегов, покрај од СДСМ, ќе има поддршка од ДУИ, како и од ДПА и Беса. Сепак Алијанса за Албанците најави поддршка за Данела Арсовска,независната кандидатка која ја поддржува и ВМРО-ДПМНЕ. 

Понатаму следуваат рокерите Бени Шаќири од ЛДП и ДОМ и Петар Георгиевски, познат уште како Перо Камиказа, од Левица. Тука се и адвокатот Александар Тортевски од Твоја партија,  и доскорешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска од коалицијата „Зелен хуман град“. 

Свои кандидати ќе имаат и Бошњачкиот демократски сојуз, ТМРО, Демократи, Интегра, Родина и Титови леви сили.

Слично

Поврзани вести