Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОТВАРА СКИ ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“: Јанчев со покана до сите љубители на скијањето

ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОТВАРА СКИ ЦЕНТАРОТ „МИХАЈЛОВО“: Јанчев со покана до сите љубители на скијањето

Новиот ски центар во кавадаречко Михајлово  е комплетиран и сите љубители на скиањето ќе можат да го користат со почетокот на Новата година. 

Како што сподели градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на неговиот Фејсбук профил пуштањето е на први јануари.

- Македонија добива нов скијачки центар ,,Михајлово''!

Почитувани,

Со огромно задоволство ве покануваме на 1 јануари од 11.00 часот на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар ,,Михајлово'' и првата скијачка патека која ќе го носи името Македонија!

Снежната покривка е совршена и планината подготвена да ве пречека.

Нова година, нов успешен почеток!

Ве очекуваме заедно да ја доживееме магијата на зимата...

Со почит, Градоначалник Митко Јанчев!  - напиша на Фејсбук. 

Од кабинетот на градначалникот пак дополнија дека земјава добива нов скијачки центар во срцето на Кожуф планина. 

- Снежната покривка е совршена и планината подготвена да ги пречека посетителите, соопштија од Кабинетот на Јанчев. 

Оттаму информираа исто така дека зимската служба на ЈП „Комуналец“ Кавадарци е активна на терен од утринските часови. Со четири возила се чистат патните правци кон селата Страгово, Бохула,Чемерско, Михајлово и Мрежичко, со цел безбедно одвивање на сообраќајот за сите кои гравитираат во овие делови. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести