Официјално СДСМ поднесува иницијатива за свикување на Собранието
Од партијата на СДСМ информираа дека за еден час до Собранието на РМ ќе ја поднесат иницијативата за продолжување на конститутивната седница.
Ова беше најавено од партијата на СДСМ, но не и официјално, уште вчера.
Како што информираа од кабинетот на Заев инцијативата ќе биде поднесена во 10.30 часот.
Веднаш потоа, во прес центарот на Собранието, изјава за медиуми ќе даде Оливер Спасовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ.
Тоа значи дека партиите кои имаат мнозинство денеска ќе го активираат планот Б.
Собранието треба да го свика претседавачот на првата седница Трајко Вељаноски, а кога Вељаноски треба да ја закаже седницата нема, но сепак доколку тој се обиде да тактизира со закажувањето, не е исклучена можноста да се свика седницата и од најстариот пратеник во пратеник, во случајот Бранко Манојловски од ДУИ.
По правило седницата треба да се свика кога за тоа „ќе се создадат услови“, односно кога ќе има најмалку 61 пратенички потпис.
