Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално: Прифатена оставката на Зоран Заев во Собранието

Официјално: Прифатена оставката на Зоран Заев во Собранието

Оставката на Зоран Заев како премиер на државата е официјално прифатена од Собранието и од претседателот Талат Џафери.

„Претседателот на владата може да ја образложи оставката, но известен сум дека нема да ја образложи. Констатирам дека на претседателот и на Владата им престанува мандатот“, констатира спикерот Џафери.

Владата останува на должност до изборот на новата Влада.

Откако премиерот Зоран Заев вчера поднесе оставка, веќе почнуваат да течат уставните рокови за предлагање и избор на новиот владин состав. 

Сега е на потег шефот на државта, Стево Пендаровски, кој треба да го додели мандатот. Односно, Пендаровски сега треба да го додели мандатот на новиот мандатар Димитар Ковачевски. 

Според Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.


Слично

Поврзани вести