Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално: Пратеникот Зејд кандидат на ДУИ и коалицијата за градоначалник на Скопје

Официјално: Пратеникот Зејд кандидат на ДУИ и коалицијата за градоначалник на Скопје

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, објави дека Европскиот фронт на локалните избори за кандидат за градоначалник на Скопје го номинира Скендер Реџепи - Зејд. Тоа било донесено како консензуална одлука од сите коалициски партнери.

- Г-дин Реџепи е претседател на политичката партија „Народно движење“, дипломиран на Филозофскиот факултет, со долго и докажано искуство во граѓанскиот сектор и граѓанското општество. 

Тој моментално е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, каде што е непоколеблив глас на граѓаните, бранител на нивните права и застапник за длабоки политички и социјални реформи, објави Ахмети.


Слично

Поврзани вести