Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално почнува кампањата - партиите во трка за гласови

Официјално почнува кампањата - партиите во трка за гласови

Изборната кампања денеска започнува за изборите закажани за 11 декември. 

ВМРО ДПМНЕ, традиционално кампањата ќе ја започне со митинг во Охрид. СДСМ почнува во Прилеп, а  ДУИ кампањата ја почнува во Липково. Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја почнува кампањата утре во Охрид. ДПА оди во Студеничани, а „Коалицијата за промени и правда“ пак стартува денеска во хотел „Континентал“ во Скопје.

Меѓународната заедница веќе порача дека за да се стабилизира состојбата новата влада ќе мора да се реализира приоритетните реформи кои произлегоа од извештајот на Прибе, како и СЈО до крај да ја расветли аферата со прислушувањето.

Партиите вчера потпишаа Кодекс со кој се обврзаа за фер и кредибилни избори. 

Изборната кампања завршува на 9 декември на полноќ.


Слично

Поврзани вести