Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално од СВР Охрид: Нема повредени по падот на параглајдеристите кај „Студенчишта“

Официјално од СВР Охрид: Нема повредени по падот на параглајдеристите кај „Студенчишта“

По видеото што вчера се прошири на социјалните мрежи, СВР Охрид денеска излезе со официјално соопштение за настанот со параглајдеристите кај каналот „Студенчишта“.

Според информациите, станува збор за две лица кои се спуштиле на пешачката патека, при што дошло до пад и оштетување на канделабра.

„На 26.04.2026 во 21:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 14:00 часот две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката патека после каналот „Студенчишта“ во Охрид, по што паднале на плочникот. Притоа, дел од опремата на параглајдерот ја зафатила електричната канделабра поставена на централниот дел од патеката која се скршила и паднала на пешачката лента. Во СВР Охрид, до овој момент нема пријава за повредени лица, а во консултација со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Слично

Поврзани вести