Економија, финансии, бизнис

Контакт

Официјално: Кон градоначалникот на Арачиново пукано со пиштол, повредени две лица

Официјално: Кон градоначалникот на Арачиново пукано со пиштол, повредени две лица

Министерството за внатрешни работи во својата официјална верзија информира дека кон градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими, е пукано со пиштол, а при тоа се повредени две лица кои што биле со него.

„Во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица. При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот. Градоначалникот не е повреден, а не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник“, велат од СВР Скопје.

Истовремено се огласи и Обвинителството, од каде соопштуваат дека издадена е наредба за прибирање на видео снимки од околните објекти.

„Во врска со настанот во Арачиново, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место, издаде наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења.

Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија“, соопштија од ОЈО Скопје.


Слично

Поврзани вести