ОФИЦИЈАЛНО: Хоџа се повлече од функцијата советник
Од денес, советникот на премиерот Џезаир Шакири повторно е командант Хоџа. Тој сепак се повлече поради реакциите на јавноста за неговото назначување. Реакциите беа надополнети со неговото присуство на американската црна листа, но и со неговите ставови од стари интервјуа за загинатите полицајци во Диво Насеље, како и неговите ставови за уредувањето на државата.
Шакири беше познат и по жестоките критики за ДУИ. Беше ангажиран како надворешен советник на премиерот за внатрешна безбедност и радикализам. Само пет работни дена откако се дозна за функцијата траеше ангажманот на Хоџа во кабинетот.
Во изјава за агенцијата МИА рекол дека се повлекува во интерес на државата и дека не му е до државната плата од 36 илјади денари месечно
„Единствениот политичар во Македонија што ми укажал некаква шанса е премиерот Зоран Заев и тој единствено ја има мојата почит. Не сакам заради ова Македонија да трпи на својот пат за ЕУ и НАТО. Ако мислеа дека ми е до тие пари, се лажат. Еве им ги назад, не ми се потребни“, кажа Џезаир Шакири-Хоџа за МИА.