Официјално: Изречени 101 забрани за возење преку „Безбеден град“
Вкупно 101 забрана за возење е изречена вчера како резултат на прекршоците што ги забележал системот „Безбеден град“, на првиот ден на кој тој почна да изрекува казни, соопшти МВР.
Притоа изречени се вкупно 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци, додаваат од Министерството.
Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ биле констатирани вкупно 646 сообраќајни прекршоци на територијата на државата. Поради минување на црвено светло регистрирани се 64 прекршоци, од кои 35 во Скопје, пет во Тетово и 24 во Куманово.
За возење со брзина поголема од дозволената евидентирани се 582 прекршоци, при што најголем дел – 445, се регистрирани во Скопје. Во Тетово се констатирани 36, во Куманово 31, додека 70 прекршоци се евидентирани на патните коридори.
