„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД
Оф мори мајко!!! Колку е среќна!
Со овие зборови професорката Билјана Ванковска го искритикува поздравот на претседателката и нејзина колешка Гордана Силјановска Давкова со колегата и лидерот на светската велесила, Џо Бајден, претседател на Соединетите американски држави.
- Оф мори мајко!!! Колку е среќна! Инспиративни обраќања на човек со тешка деменција, башка што е воен злосторник.
Сега барем нека се слика и со Нетанјаху - напиша Ванковска на својот Фејсбук профил.
Но, подоцна упати уште една критика до нашата претседателка, поврзана со разговорот меѓу Силјановска-Давкова и првиот човек на Обединетите нации, Антонио Гутереш.
- И со Гутереш зборувала за нашата евроинтеграција!!! А да ѝ кажеше некој дека не е во Европски парламент туку во Генерално собрание на ОН - напиша Ванковска.
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
